ЈЗУ Општа Болница Кочани традиционално и оваа година го прослави 7ми април светскиот ден на здравјето.
Главните цели на кампањата по повод Светскиот ден на здравјето за 2016 година е:
1. Да се зголеми свесноста за експанзијата на дијабетот и за огромниот товар и последици што ги носи оваа болест, особено во земјите со низок и среден доход;
2. Да се активира пакет од конкретни, делотворни и економски пристапни мерки за борба против дијабетот. Пакетот ќе содржи и чекори за превенција на дијабетот и за дијагностицирање, лекување и нега на болните; и
3. Да се инаугурира првиот Глобален извештај за дијабет кој ќе ги опише товарот и последиците од болеста и ќе се заложи за посилни здравствени системи кои ќе обезбедат подобрен надзор, зајакната превенција и поделотворно справување со дијабетот.
Kлучни пораки
1. Дијабетичната епидемија доживува брз пораст во голем број земји, а документираниот пораст е најдраматичен во земјите со низок и среден доход.
2. Голем процент од случаите на дијабет може да се спречат. Едноставни мерки поврзани со начинот на живот се имаат покажано како делотворни во спречувањето или пролонгирањето на почетокот на дијабетот тип 2. Одржувањето нормална телесна тежина, практицирањето редовна физичка активност и здравата исхрана можат да го намалат ризикот од дијабет.
3. Дијабетот може да се лечи. Оваа болест може да се контролира и со работите да се управува на начин што ќе се избегнат компликации. Најзначајни компоненти на одговорот на оваа болест се сѐ полесниот пристап до дијагноза, едукацијата за тоа како заболениот може сам да се справува со болеста и пристапната цена на чинење на лекувањето.
4. Напорите за спречување и лекување на дијабетот ќе бидат важни за остварување на глобалната одржлива развојна цел 3, која се однесува на намалување на прераната смртност од незаразните болести за една третина до 2030 година. Многу сектори од општеството имаат улога во остварувањето на оваа цел, а тоа се владите, работодавачите, едукаторите, производителите, граѓанското општество, приватниот сектор, медиумите и самите поединци.