Донација од медицински униформи во Општа Болница Кочани
Медицинскиот персонал во Општа болница Кочани доби донација од австриската фирма "Албиро" во соработка со три приватни компании од Кочани
од 280 медицински униформи. Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илиев заедно со претставник од приватна компанија "Филип интернационал"
ја доделија оваа донација која е од исклучиво значње за медицинскиот персонал во ЈЗУ Општа болница Кочани.
Главниот донатор е фирмата "Албиро" од Австрија која што е професионалец во изработка на вакви униформи кои се користат на секаде во европа.
Што значи дека униформите се со еден висок европсоки стандард и европски квалитет.
Другиот дел од донацијата го реализира фирмата "Филип Интернационал" и "ИНТ" и овие две фирми помогнаа за целокупната акција да биде спроведена.
Голема благодарност од Директорката на Општа болница Кочани ВД Директор Д-р Борка Панова за несебичната помош од Градоначалникот Николчо Илиев.
Вредноста на оваа донација е околу 600 илјади денари.
Во текот на изминатата 2017година се евидентираат уште петнаесет донации со што е подобрен стандардот и условите во болницата.
1. Македонси телеком Скопје - Донира 4 броја на принетери HP LaserJet Pro P1102 со вкупна вредност 19.995денари.
2. Делта градба ДОО Кочани Донираше Фрижидер Индесит 342 литри во вредност од 16.000денари.
3. Антура ДООЕЛ Кочани донираше Фрижидер Индесит во вредност 15.999 денари.
4. Офис Експрес Кочани донираше сушара за алишта Индесит во вредност од 15.299денари.
5. Пејпар Мил ДОО Кочани донира принтер HP LaserJet Pro MFP M130fw во вредност 8.490денари.
6. ТИНГ Инокс Кочани донираше еден болјер од 80литри во вредност од 10.000денари.
7. HIKÖDE Австрија донираше:
- Инвалидски колички,столови за тоалет,апарат ендоскоп, болнички кревети,болнички натказни, кревети со тркалца, транспортни колички за пациентки,масички со тркалца,фотеља. Вкупна вредност од 373,305денари.
8. Наше осигурување АД Кочани донираше мултифункционален принтер HP LaserJet Pro MFP M130fw во вредност од 6.790денн.
9. Со договор за спонзорство со Новонордекс фарма ДООЕЛ Скопје имаме добиено персонмален компјутер со монитор во вредност од 25.590ден.
- Вкупна вредност на донираната опрема изнесува 491.468 денари.
11. Апитекс Виница донираше 30 комплети постелнина за болнички кревети во износ од 21.000.
12. Вис ДОО Охрид има донирано пешкири за раце бр. 54 во вредност од 4.320,00денари.
13.Амор Компани ДООЕЛ Кочани има донирано 35 комплетни постелнини во вредност од 18.000денари.
14. Делта градба Кочани има донирано постелнини чаршави и навлаки за перници во вредност од 36.000денари
15. HIKÖDE Австрија има донирано инвентар (бастуни,штаки,душеци,ќебиња,чаршави и перници) Во износ од 61.808денари.
16. Матрик мермер Гранит Кочани донираше 25комплетни постелнини во вредност од 15.000денари.