Прием и издавање на лекови
Прием на лекови во аптека се врши врз основа на квантитативен и квалитативен увид во доставените лекови и доставената испратница од испорачателот, уредно потпишана и пополнета со јасен опис на називот на лекот, единица мерка и количина. За испорачаните лекови мора да има писмен документ (нарачка) за набавки во болницата, врз основа на кој се утврдува добавувачот, количината и видот на лекови кои смеат да бидат прифатени во магацинот.
За секоја уредена испорака на лекови се пополнува документ приемница.
Лековите се складираат во аптека согласно утврдените правила во Законот за лекови и соодветно се шифрира.
Издавањето на лекови се врши исклучиво по добиен писмен документ- требување од одговорните лица на болницата. Со издадените лекови може да бидат задолжени само овластени лица вработени во болницата.
Задолжувањето со лековите се врши со пополнување и издавање на требување на кое се внесуваат следните податоци:
дата на требување
оддел, оделение,служба за кого се издава лекот
детален опис на лекот
единица мерка
количина
шифра на лекот
број на документ по кој се издава
потпис од издавачот и примателот