Германската амбасадорка Кристине Алтхаузер ја посети нашата здравствена установа
со цел да види како се искористени донираните средства кои ги донираше минатата година.
Општа Болница Кочани доби донација за реконструкција на педијатрија, со климатзација на одделението,замена на душеците, постелнините и други поправки. Исто така ЈЗУ ОПШТА БОЛНИЦА - КОЧАНИ доби четири соларни панели кои веќе се во употреба и истите тие обезбедуваат околу 800 литри топла вода за потребите на педијатрија и интерно одделение. Со поставувањето на соларните панели болницата има два ефекта, заштеда на електрична енергија.
Првиот проект донација од германската амбасада чини 380 илјади денари и вториот 230 илјади.
Соработката помеѓу Општа болница Кочани и германската амбасада ке продолжи и понатаму.